(ВИДЕО) Во 81. година Мишо Ковач објавил ново видео – обожавателите се воодушевени

Мишо Ковач (80) објави спот за песната „Чувајте ми ја песната“ од албумот Budi čovjek dobre volje од 1999 година, и ова е првиот од четирите нови видеа што пејачот ги сними на крајот на септември годинава во Подстрана.
Освен оваа песна, Мишо сними и видеа за „Секогаш остануваше иста“, „Ако ме оставиш“ и „Најубави се очите на мајка ми“, кои наскоро треба да ја видат и светлината на денот.


Видеата ги снимал на терасата на приватна куќа, а цело време со него била сопругата Лидија.
На Јутјуб, видеото за песната „Чувајте ми ја песната“ речиси 30.000 прегледи за само 19 часови, а фановите не го криеле ентузијазмот.
„Ми го разубави денот, наша легенда“, напишала коментаторка.
„Мишо, остани со нас секогаш“, се согласил друг коментатор.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …