(ВИДЕО) Владимир Путин, во чест на Денот на жената, во фармерки јава коњ со полицајки!

Рускиот претседател. Владимир Путин,вчера јавал коњ со полицајки во видео снимка објавена ширум Русија во пресрет на Меѓународниот ден на жената.
Путин во 19. месеци владеење внимателно го негува својот имиџ на „мачо мен“ објавувајќи фотографии на кои со голо торзо јава по Сибир, нурка во заледени води и управува со противпожарен авион.
Шеесетишест годишникот, чија популарност последните месеци паѓа, е прикажан на државната телевизија како во фармерки и јакна со крената крагна јава кафеав коњ покрај полицајки на бели коњи.


Полека каскале по кампот за обука на полициски коњи во Москва, во придружба на униформирани полицајки на коњи.
Подоцна Путин им го подарил коњот Golden Ray, објавиле новинските агенции.
Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, Путин рекол дека жените се се’ позаинтересирани за работа во полицијата и дека моментално чинат нешто повеќе од една четвртина вработени во Министерството за внатрешни работи.
Анкетите покажуваат дека популарнста на Путин опаѓа поради долгогодишниот пад на реалните плати и непопуларните мерки на владата за зголемување на возраста за одење во пензија.
И покрај тоа, тој и понатаму е најпопуларен политичар кого според последната анкета го поддржува 65. проценти од граѓаните.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …