(ВИДЕО) ВИСТИНСКИ НАЧИН ДА СЕ НАПРАВИ ПИТА СО ГОТОВИ КОРИ: Само така ќе биде мека и исто како домашна

Залиената пита направена од готови кори е исто толку добра и вкусна како онаа направена од домашни кори
Доколку сè уште не сте го совладале правењето пита од домашни кори, пробајте го овој начин на подготовка со готови кори и резултатите ќе ве воодушеват:

Состојки:
12 кори за пита
250 грама ситно сирење
250 мл павлака за готвење
100 грама путер
20 мл масло
сол по потреба
Подготовка: Се топи путерот и се додава павлаката за готвење. Се’ соединуваме убаво и тоа е нашиот прелив за корите. Наредете ги корите така што на сите три ќе го ставите преливот, а на третиот сирењето. Завиткајте во ролат и исечете ги на помали парчиња. Се редат во плех, исечените ролати се премачкуваат со преливот и на крај се прелива со преостанатиот прелив. Печете на 200 степени 20-25 минути. Пријатно!


Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …