Францускиот претседател Емануел Макрон вербално се судрил со лекар во париската болница само неколку дена пред да признае дека Франција не е подготвена за епидемијата на коронавирус, што може да се види во обелоденетото видео.
Дискусијата на Макрон со медицинската сестра била снимена за време на неговата посета на болницата Кремљ-Бицетре во Париз на 9. април.
Набргу по ова видео, објавено од унијата на медицински професионалци, претседателот бил прикажан на други снимки од неговата канцеларија аплаудира со персоналот во установата.
На снимката на синдикатот може да се види дека Макрон им кажува на медицинските професионалци: „Не надомсетивме 15. години намалување на тарифите во болниците, вие сте во право, но јас не ја преземам одговорноста за ништо што е сторено порано“.
Медицинската работничка потоа му одговорила на претседателот велејќи: „Ние, давателите на грижа, сме сиромашни и можеме да бидеме во кревет утре. А кога проблемот ќе ни се врати, посакуваме да помогнеме, но со недостаток на ресурси и персонал не можеме“.
Макрон на собраниот персонал му рекол дека „колективно ќе ја научат лекцијата“ по епидемијата на коронавирус.
Неговата дискусија со лекарите траела десет минути.