(ВИДЕО) Урнебесната црногорска реклама против КОРОНА во два дена ја погледнале 100.000 луѓе!


Промотивно видео од Црна Гора што укажува на важноста на превентивните мерки во борбата против короната станал хит на социјалните мрежи.
Во видеото, гледаме црногорско семејство како руча на маса пред куќата, а баба со визир плете покрај нив.
Мајката и ќерката му кажуваат на таткото за новото момче, а мајката го фали: „Од добра куќа, многу убав човек, правилно носи маска, ги мие и ги дезинфицира рацете“.


После тоа, ќерката му покажува на таткото слика на момнчето со маска а тој коментира: „Згоден е, но не му дозволувај да ти се доближи поблиску од два метра“.
На крајот на рекламата, гледаме романтична вечер во автомобилот, а кога младичот ја вади маската и тргнува кон девојката, таа го прска со средство за дезинфекција, а потоа се открива дека таа воопшто не е во автомобилот, туку нејзиниот маскиран татко.
Промотивното видео се појавило на каналот „Јутјуб“, „The Books of Knjige“, а наведено е дека е снимено под покровителство на Светската здравствена организација.
Видеото добило над 100.000 прегледи за само два дена, а брзо почнало да се шири на социјалните мрежи чии корисници биле воодушевени.
“Ова ми го разубави денот”, “Најдобра реклама досега”, “Хахахахаха, затоа се изгорев со кафе”, “Ова е генијално за мене. Смислиле свои, прилагодено на нивниот менталитет,и се претвориле во шега. Реклама што сигурно ќе ја запомните”, „Долго немам видено посилна реклама, не хит, хитиште“, биле само некои од коментарите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Фото: Википедија

Рокенрол легендата Кит Ричардс денес го прославува својот 82. роденден

Кит Ричардс е роден на 18 декември 1943 година. Тој е еден од највлијателните гитаристи …