(ВИДЕО) Цел живот погрешно ги лупиме јајцата: Овој трик морате да го пробате!

ТРИКОВИТЕ доаѓаат во многу форми и облици, но тие никогаш не престануваат да нè воодушевуваат, особено кога наидуваме на нов практичен формат што го менува начинот на кој некои работи сме ги правеле досега.
Најновиот трик е дека, цело време, погрешно лупевме варени јајца.
Што се однесува до самото варење на јајца, не грижете се, досега исправно сте го правеле тоа, но изгледа дека проблемот е со лупењето кое сме го правеле со погрешната техника што ја користевме досега, соопшти Indy 100..
Подгответе се да го промените животот со ова видео од неколку секунди.
Сè што треба да сторите откако успешно ќе сварите јајце е да го ставите во чаша со вода и да го протресете неколку секунди. Потоа извадете го од чашата и лушпата би требало да се отстрани во скоро едно парче.


Видеото многу бргу станало вирално, а се надеваме дека ќе можете да го направите трикот. Само не пробувајте со меко варено јајце.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Велики петок

Велик петок На Велики Петок Црквата ги споменува смртта и погребението на Господ Исус Христос …