(ВИДЕО) ТРЕТИРАЛЕ ЖЕНА КАКО ДА Е КУЧЕ: Шокантна снимка од полицаец како со шинтерски стап третираат жена обвинета дека била навредлива!

Снимката од апсењето на една жена во Иран ја шокираше јавноста.
На снимката од апсењето минатата недела се гледа како полицајци во Техеран фаќаат жена со стап за куче и ја влечат за коса и ја туркаат во комбе.
Заменик началникот на полицијата во Техеран, полковник Морад Моради, потврдил дека жената е уапсена за, како што наведл, навредливо однесување и додал дека видеото ќе биде прегледано.
Моради, исто така, за агенцијата ИСНА изјавил дека жената била агресивна кон полицијата. Локалниот бизнисмен поднел дополнителни обвиненија, рекол Моради, но не прецизирал какви се обвиненијата.
Видеото покажува дека жената нема шамија, што во Иран е кривично дело, но Моради негирал дека тоа е причината за нејзиното апсење. Тој, исто така, одбилда каже дали жената е повредена, бидејќи додека ја влечеле за коса кон комбето, таа удрила со главата по вратата.
Не е познато кога и каде е снимено апсењето, а снимката на социјалните мрежи ја сподели Масих Алинехат, активистка за правата на жените во Иран, со коментар „наскоро Талибанците ќе им го прават тоа на жените во Авганистан“.


Таа исто така оценила дека ветувањата на полицијата дека ќе го истражат инцидентот се „голема лага“.
„Последниот пат кога полицијата брутално претепа жена за да спроведе морал, исто така реагираа“, рекла таа. И тогаш, кога ситуацијата се смирила, тие поднеле тужба против жената што ги снимила“.

Моралната полиција е формирана по Исламската револуција во 1979. година со задача да спроведе строги правила на општеството.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …