(ВИДЕО) Тинејџер им го украл автомобилот на родителите, брутално го казниле!


Семејство од Америка на оригинален начин го казнило својот четиринаесетгодишен син Ангел.
Имено, родителите на Ангел ја прославувале годишнината од бракот во Лас Вегас, кога добиле повик од полицијата. Нивниот син го извадил џипот од гаражата да се повози и така ги вознемирил соседите кои го пријавиле.
Веднаш ја прекинале прославата и се вратиле дома, но на синот му дале до знаење дека сериозно ги налутил, па решиле соодветно да го казнат. Целосно ја испразниле неговата соба, ги ставија сите негови работи покрај патот и го натераа да им ги даде на минувачите.

This image has an empty alt attribute; its file name is kaznet-tinejdzer.jpg


„Само сакав да возам, немам возачка дозвола, но го зедов автомобилот“, изјавил Ангел за една американска телевизија, додавајќи дека автомобилот сам го измил, а бидејќи немал со што да фо иссуши, решил да се повози.
Таткото на Ангел, Рамон потврдил дека му ја испразниле собата и додал дека им праќа порака на соседите, пред се како извинување:
„Можеше да прегази некого. Можеше да се случи нешто многу лошо“, рекол таткото.
Ангел спие на подот или на каучот во дневната соба, но тврди дека ја научил лекцијата.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОВИЕ ПОДАРОЦИ НЕ СЕ НОСАТ НА ДОМАЌИНОТ ЗА СВЕТИ НИКОЛА: Се верува дека носат лоша среќа!

Ако моментално размислувате што да понесете на забавата како подарок, ова е вистинскиот текст за …