(ВИДЕО) Снимка на која тренер и удира шамари на џудистка го обиколи целиот свет: „Тоа е нашиот ритуал!“

Гледачите на Олимписките игри беа зачудени откако се појави снимката на германската џудистка Мартина Трајдос, која пред почетокот на борбата тренерот ја тресе и и удира шлаканица.
Тоа се случило пред нејзината елиминација во осминафиналето против унгарската џудистка Софи Обабас.
Имено, германската џудистка ја започнала борбата и застанала покрај душекот пред да се сврти кон тренерот, кој ја фрлил торбата што ја носел и силно ја потресол, а потоа и удрил двапати шлаканица.


Бидејќи поради тоа се крена многу прашина, Мартина Трајдос проговорила и го бранела својот тренер, велејќи дека тоа е нивниот ритуал.
„Го барав тоа од мојот тренер, затоа ве молам не го обвинувајте. Ми треба ова пред мечот за да останам будна “, рекла Трајдос.
„Како што реков претходно, тоа е ритуал што го избрав пред натпреварот! Мојот тренер го прави она што сакам за да ме налути“, додала таа.

Фото: Принтскрин/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …