(ВИДЕО) СНИМКА КОЈА ГО ОБИКОЛИ СВЕТОТ Жена од Индија си го ризикува животот за да најде вода!

Виралното видео кое прикажува жена како се качува по ѕидот на бунар за да стигне до водата, истакнала акутен проблем, а тоа е недостигот на вода во неколку области на централната индиска држава Мадја Прадеш.
На видеото се гледа како жена се спушта во бунар без јаже или појас за да стигне до водата.
Луѓето во селото Гусија биле принудени на вакви екстремни мерки откако бунарите и барите пресушиле.
Неколку други области низ Индија се соочуваат со слична криза со недостиг на вода.

This image has an empty alt attribute; its file name is potraga-po-voda-1.jpg


Видеото на кои се гледа како Индијците ги ризикуваат своите животи за да добијат вода често стануваат вирални.
Во април, слично видео покажа жена како слегува во бунар во државата Махараштра за да добие вода.


Во Мадја Прадеш, недостигот на вода е проблем кој се повторува секое лето.
Државната влада вети дека ќе го снаби секое село со вода од чешма до 2024. година.
Но, водата за пиење сè уште е недостапна за милиони луѓе.
Во Гусија, гневните селани рекле дека ќе ги бојкотираат локалните избори оваа година во знак на протест против владата.
– Мора да се спуштиме до бунарот да собереме вода. Има три бунари (овде), сите речиси пресушија. Ниту една рачна пумпа нема вода, изјавила една жена за новинската агенција АНИ.
-Владините и политичките лидери доаѓаат (овде) само за време на избори. Овој пат решивме да не гласаме додека немаме соодветно водоснабдување, рекла таа.

Фото: Принтскрин/TWITTER/ANI_MP_CG_RJ

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …