Снимката на премиерата, наводно ја забележал обожавател кој се нашол блиску до кралската двојка. Боб подовна на војвотката и рекол да му испрати порака…
Откако беше објавено дека војвотката од Сасекс и сопруга на британскиот принц Хари (35), Меган Маркл (38) се согласила да го позајми гласот за Дизни, а продуцентската компанија за возврат ќе донира средства за добротворна организација за слонови, британските медиуми ископале снимка на која се прикажува Хари ‘моли“ работа за неа од шефот на Дизни, Боб Игер (68).
Разговорот помеѓу Боб и принцот Хари се случилна премиерата на „The Lion King“ во Лондон. Додека Хари разговарал со Боб, Меган се дружела со Бијонсе (38) и Џеј Зи (50).
„Дали знаете дека таа го позајмува својот глас?, го прашал Хари, а Боб одговорил дека не знае.
„Изгледа изненадено. Таа е навистина заинтересирана за тоа“, рекол принцот.
Шефот на Дизни очигледно решил да ја искористи можноста.
„Ќе сакаме да пробаме, одлична идеја“, рекол Боб.
Снимките, наводно, била направена на премиерата од еден обожавател кој бил недалеку од кралската двојка. Боб подоцна и рекол на војвотката да му испрати порака.
Меган и Хари во средата го шокираа кралското семејство кога неочекувано објавија дека се повлекуваат од кралските должности за да поминат повеќе време во Северна Америка и „да станат финансиски независни“.