Кон крајот на септември имавме интервју со „Red18“ и тие точно ни ги наведоа нивните планови:
– Датумите на објавување засега се вака:
08/10 – нов сингл со спот
28/10 – уште еден нов сингл со спот
18/11 – целиот албум
Исто така почеток на 2023-та очекувајте EP со музика на македонски јазик.
И’, што е можеби и чудно за наши простори, но тие го одржаа ветувањето. На 18. ноември (вчера) се појави нивниот албум…
Доколку сте фан на „Red18“ албумот можете да го преслушате на линкот, подолу, или едноставно да одите на Јутјуб.
Нивниот план е со „живи“ настапи да ја наметнат својата музика и младите да ги запознаат со нивното творештво. Колку се сериозни и решени да успеат говорат датите погоре кои ги реализираа до последно, а веќе го потврдија и нивното учество на јубилејното, 5.то издание на „Андерфест 2023“.
Фото: Приватна архива