(ВИДЕО) ПРЕКРАСНО – БЕЗДОМНИЧКА ГО ШОКИРАЛА СВЕТОТ СО СВОЈОТ АНГЕЛСКИ ГЛАС: Полицаец случајно ја снимил како пее, а потоа станала ХИТ!

Полицаецот Хектор Гузман, во подземната железница на Лос Ангелес снимил жена која пее опера од Пучини, после што видеото станало вистински хит на Интернет.
За само три дена, видеото го прегледале 270.000 луѓе. Името на жената е Емили Замурки (52), која во Соединетите Американски Држави дошла пред неколку децении. Таа рекла дека завршила на улица поради здравствени проблеми.


Имено, за да ги покрие сите трошоци, таа започнала да свири на улица, но нејзината виолина и била украдена, па оттогаш сè започнало да оди во удолнина.
Таа рекла дека сака да пее во метрото поради акустиката што ја потсетува на настап во сала и се надева дека нејзината новопозната слава ќе и помогне да застане на нозе.
„Ќе бидам многу благодарна на секој што се обидува да ми помогне да се тргнам од улица и да си набавам мој дом и мој инструмент“, изјави Емили за Еј-Би-Си 7.

Екран.мк/Sputnjik
Фото: Printscreen Twitter LAPD HQ)


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …