Според метеоролошките прогнози продолженото лето ќе трае уште неколку дена а потоа нашата држава ќе ја зафати ладен бран кој ќе донесе значително намалување на температурите…
Метеоролошкиот сервис „Severe Weather EU“ објави дека температурите наскоро ќе бидат значително под просекот за овој период од годината, затоа што пристигнува многу студен арктички бран.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, многу студен арктички фронт кој се движи кон Европа ќе предизвика голем пад на температурите, а метеоролозите предвидуваат дека во поедини региони за само 24 часа температурите на воздухот може да паднат и за 20 степени Целзиусови.
Значајното заладување веројатно ќе донесе и многу снежни врнежи на Алпите и ќе предизвикаат бури на Медитеранот. Се очекуваат и големи количини вода. Поларниот студ веќе го зафати Балтикот и продолжува да се движи кон средна Европа.
Кај нас се очекува овој ладен бран за неколку дена а дотогаш можеме да уживаме во високите дневни температури.