Секоја година, за време на божиќните празници, познатиот актер Том Круз ги изненадува своите пријатели со необичен, но многу вкусен подарок – колач направен од бело чоколадо и кокос, која стана позната како „колач Том Круз“.
Овој интересен обичај актерот го практикува долги години, а рецептот за колачот и неговото испраќање станал вистинска празнична традиција меѓу неговите пријатели.
Актерката Коби Смалдерс која е позната по улогата на Робин во популарната хумористична серија „Како ја запознав мајка ти“ гостувала кај Џими Фалон и открила дека секоја година го добива овој специјален колач од Том.
„Тоа е колач од бело чоколадо и кокос и морам да признаам дека е вкусен. Го чувам во фрижидер и трае до март бидејќи често земам по некое парче. Инаку, не сакам слатки, но ова е одлично“, изјавила актерката.
Корисничката на TikTok, Дејна, која случајно е мажена за сценарист кој работел со Том на различни проекти во текот на годините, е причината зошто нејзиниот сопруг е на списокот на луѓе кои Круз и го испраќа овој сладок подарок.
@danaschwartzzz Merry Cruisemas to all and to all a good night. This cake is so good that it’s pretty much why I married @Ian Karmel #christmas #tomcruise #tomcruisecake ♬ Stuck In The Middle – Tai Verdes
„Овој колач е толку добар што е главната причина што се омажив“, се пошегувала Дејна на TikTok.
Имено, како што еднаш признал, сака слатки, но ретко ги консумира поради тренинг. За време на празниците, сепак, може без каење да ужива во омилениот колач, па решил оваа слатка радост да ја сподели со своите пријатели и колеги.
Меѓу оние на кои Том Круз им го испраќа овој посебен подарок се познати имиња како Кирстен Данст, Џејмс Корден и Хенри Кавил. Интересно е што Круз почнал да ја практикува оваа традиција од многу лична причина.
Фото: Архива
ekran платформа за слободоумни