(ВИДЕО) Потресна слика на татко и ќерка од Сирија го расплакала светот

Снимките на таткото кои ја подучува неговата ќерка да се смеат на бомбите, преправајќи се дека играат игра, го обиколија и расплакаа светот.
Тригодишното девојче, Салва, се смее на видеото секој пат кога ќе експлодира бомба, мислејќи дека станува збор за играта „смеење под бомбите“, пренесува Sky News.
Нејзиниот татко Абдулах Ал-Мохамад изјавил дека звуците доаѓаат од огномет или пушка за играчки.
„Таа е дете што не разбира што е војна“, рекол тој за Sky News.
„Одлучив да ја научам Салво оваа игра со цел да го зачувам нејзиниот дух за таа да не биде трауматизирана од војна и стравот“, додал тој.
Видеото е снимено во Сармада, мал град во близина на сириската граница со Турција, каде што ова семејство побарало прибежиште од жестоките судири во Идлиб.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …