Едно момче е повредено кога полицијата во Хонг Конг пукала врз демонстрантите за време на новата блокада на метрото и патиштата во градот, јавуваат локалните медиуми.
Објавено е и’ видео на кое се гледа како полицаец се бори со демонстрант, а потоа пукал кон друг кој приоѓал, пренесува АП.
Полицијата соопштила дека повредениот млад човек е пренесен во болница каде што бил опериран.
Извори од болницата велат дека повреденото 21. годишно момче е тешко ранет.
Полицијата во Хонг Конг по прв пат употреби вистински куршуми за време на протестите во август кога беа повредени двајца тинејџери.
Демонстрантите повторно подигнале барикади на повеќе локации низ градот, предизвикувајќи нови ескалации на насилство, додека антивладините протести влегуваат во шестиот месец.
(ВИДЕО) Полицаец застрелал демонстрант во Хонг Конг: Снимката го обиколи светот!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.