(ВИДЕО) Погледнете што се’ се крие зад кабината на овој „Нисан“

ПРЕПРАВКИТЕ на автомобил не мора да одат само во насока на подесување, визуелно и механичко, туку се можни и модификации што драстично ги зголемуваат можностите на автомобилот.
Една таква е направена во домашна работа, а се однесува на веќе стар и неугледен автомобил. Класичниот Nissan Versa од 2007 година имал речиси 300,000 километри зад себе и сега му служи на сопственикот како кампер, но и многу повеќе.
Џој Вајт во домашни услови го преработил ентериерот на автомобилот за да може да му послужи како втор дом.Вистина, автомобилот има само две места за седење, но затоа нуди функција на кујна, гардероба и спална соба. Верувале или не, две лица можат да спијат во кабината на овој Nissan. А, при тоа, од дневното светло и љубопитните очи ќе ги штитат ролетни и завеси.
Како се функционира во пракса можете да видите подолу.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …