(ВИДЕО) ОТКРИТИЕ – ВЛЕГЛЕ ВО ВОЛЧЈАТА ЈАМА НА ХИТЛЕР А ПОТОА СЛЕДЕЛ ШОК: Нашле нешто што работи и’ после 75. години!

По неколкунеделното ископување на поранешното седиште на Адолф Хитлер на Источниот фронт, сместено во Полска, пронајдени се неколку предмети, меѓу кои и запалка која е сè уште во функција.
Озлогласеното нацистичко седиште „Волчја јама“ во гоелма мерка останала недопрена од забот на времето, откако Хитлер ја напуштил во 1944. година.
Новооткриените предмети што можат да се видат на снимките вклучуваат, меѓу другото, чешли, жилети, четки за заби, плочи, табли и други предмети што се оставени во овој воен комплекс лоциран во зафрлена шума во Полска.


Меѓу пронајдените артефакти била и запалка што, на изненадување на истражувачот, работи и после 75. години. Многу предмети имаат печат на „свастика“ и други нацистички симболи.
Зенон Пјотрович, генерален директор на историското место, потенцира дека секое ново откритие е вредно, бидејќи покажува како функционирал овој комплексен систем за време на војната. На пример, историчарите пронашле чинија на која пишувало „берберница“.
Волчјата пештера била тврдина во која полковникот Клаус фон Стауфенберг се обидел да го убие Хитлер во 1944. година. Во 1945. година, нацистите целосно го напуштиле бункерот пред налетот на Советската црвена армија.
Волчјата пештера за посетителите била отворена во раните 90-тти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …