Денеска во Music Bar Intermezzo се одржа промоција на видеото на темата „Сакам да живеам“ со која „Нокаут“ победи на годинешното макфестовско издание…
Промоцијата беше проследена и со кратка прес-конференција, а како што може да се види и од фотографиите, беа запазени сите протоколи и мерки за заштита од Ковид-19…
– Режијата е на Јован Куциноски, со кој го рабоетвме и видеото на „Позитивно“. Спотот е снимен на локации во Маврово и во Охрид. Се надеваме дека успеваме на најдобар можен начин да ги пренесеме емоциите кои ги носи самата песна – изјави Никола Перевски – Пере на денешната промоција.
Бендот го најави и документарниот филм со работен наслов „ Би се викал Нокаут“ во режија на нивниот драг пријател Владимир Митревски Ѓуле.
– Тој заедно со неговата екипа последниве неколку месеци не следи секаде каде што одиме и лови интересни моменти од нашите настапи, проби, дружби. Во него ќе бидат вклучени и песните од новиот албум , кои се снимени во живо , само за потребите на документарецот.Ветуваме необичен видео документ со многу необична приказна – откри Перевски.
Новиот , четврти студиски албум на „Нокаут“, е во завршна фаза. Дел од песните кои ќе се најдат на изданието се веќе објавени. А дел од нив се комплетно нови. Промоцијата се планира за почетокот на следната година. На промоцијата беше претставено и новото ребрендирано лого, кое ќе биде белег на следни проекти бендот. Дизајнот на логото го направи Андреј Марјановиќ.
Интересно е што младиот Филип Неделковски, кој главно е познат по своите композиции не продолжи по стапките на својот познат татко Огнен Неделковски, (наш најпоознат автор на текстови) туку својот талент го искористи за создавање ноти…
Музика: Никола Перевски и Филип Неделковски
Аранжман: Никола Перевски
Текст: Огнен Неделковски
Продукција: Дарко Димитров
Режија на спотот: Јован Куциновски (Emotion)
НОКАУТ
Никола Перевски – вокал, гитара, пратечки вокали
Горјан Петровски – гитара
Борче Кузмановски – клавијатура
Виктор Николовски – бас гитара
Горан Кавраков – саксофон
Благоја Антовски – тапани