(ВИДЕО) Неверојатни снимки од Големата пирамида во Гиза: Храбриот германски „клајмер“ забележал историја!

Искачувањето на пирамидите во Египет е строго забрането. Доколку се обидете, освен што може да загинете, поради оштетување на овие прастари споменици може да завршите во египетски затвор.
Меѓутоа тоа не го запрело германскиот блогер Андреј од Минхен. Овој 18. годишник обожува да се искачува по згради и разни споменици.
Младиот Андреј тргнал да се качува, игнорирајќи ги предупредувањата од другите туристи и од полицијата, бидејќи, како што напишал, не ги разбрал со оглед на тоа што зборувале на арапски.
Своето искачување на 4500 години старата Голема пирамида во Гиза го забележал со камера. До врвот на 146 метри високата пирамида му требале осум минути – за слегување нешто повеќе, дури 20 минути бидејќи, како што напишал „безбедноста е на прво место“. Но се исплатило бидејќи
погледот е неверојатен.
Како што пишуваат медиумите, младиот Германец бил приведен откако слегол од пирамидата, но полицајците сепак го пуштиле, заедно со сите снимки кои ги направил.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …