(ВИДЕО) Најпознатиот светски научник изнесува доказ дека БОГ ПОСТОИ!

Може ли науката, за која долго се сметаше дека е спротивна на верата, навистина да докаже дека Бог постои?
Позната личност во научната заедница неодамна изјавила дека пронашла докази што покажуваат дека постои повисоко битие и го опишува како чин на „управување со сè“.
Теоретскиот физичар Мичио Каку, кој е познат како еден од творците на револуционерната теорија на струната, рекол дека теоретските честички познати како „примитивни полумери на тахиони“ можат да се користат за да докажат дека Бог постои.
Тахионите се хипотетички честички за кои се верува дека се способни да се движат побрзо од светлината и наводно се способни „да излупат“ космичка материја или вакуум помеѓу честичките на материјата и да ги остават сите без влијание на околниот универзум.
По спроведените тестови на овие честички, Каку дошол до еден многу интересен заклучок: дека човечките суштества, како што е прикажано во филмовите, живеат во „Matrix“ (матрица).


„Заклучив дека се наоѓаме во свет составен од правила создадени од страна на интелигенцијата“, рекол познатиот физичар, како што наведува Геофилозофското здружение за антрополошки и културни студии.
„Верувајте ми, сè што денес го нарекуваме случајност, повеќе нема да има смисла“, додава тој.
Каку, професор по теоретска физика на Сити колеџ во Њујорк, вели дека само ова може да објасни дека Бог постои.
„Јасно ми е дека постоиме во план регулиран со правила што се создадени, обликувани од универзална интелигенција, а не случајно“, рекол тој.
Дури дал и интересно тврдење: „Бог е многу интересен математичар“.
„Конечното решение е дека Бог би можел да биде математичар“, вели Каку во видеото на ЈуТјуб. „Веруваме дека умот Божји е космичка музика, музика на струни која одекнува низ 11-димензионална хипервселена“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …