(ВИДЕО) Монте торта – совршено креместа торта што се топи во уста!

Еве предлог за рецепт за кремаста и вкусна „Монте торта“ која бргу се подготвува.
Потребно е:
Подлога:
6 белки
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
2 лажици масло
100 г сечкани ореви
Фил:
1 литар млеко
4 – 6 лажици шеќер
2 кесички ванилин шеќер
6 жолчки
1 лажица нишесте
100 г чоколадо
150 г мелени ореви
300 г шлаг
3 кесички пудинг од ванила
200 г путер или маргарин
Подготовка:подлога:изматете ги белките со шеќерот, додајте брашно и масло. На дно на округла тава, со големина од 26. см, ставете хартија за печење па распоредете ги сечканите ореви. По оревите истурете ја подготвената смеса и печете околу 20 – 25 минути во рерна загреана на 180. степени.
Во соодветен сад истурете го млекото, шеќерот и ванилиниот шеќер. Жолчките изматете ги, додајте нишесте и малку вода, пудинзите и се’ убаво изматете. Кога млекото ќе зоврие истурете ја смесата и сварете густ крем. Тргнете од ринглата и во топлиот крем ставете го путерот исечен на ливчиња и изедначете ја смесата. Поделете на два дела, а во еден вмешајте го мекото чоколадо и измешајте. Во вториот дел вмешајте ги оревите и убаво измешајте ја смесата.
Кога подлогата бисквитот ќе се испече префрлете го на чинија да се излади.Потоа бисквитот вратете го во тавчето (од печењето) обложено со хартија за печење, или најдобро во калап со страни што се вадат. На бисквитот прво нанесете го светлиот крем, израмнете па нанесете го светлиот крем и убаво распоредете. По површината наросете мелени ореви.Префрлете во фрижидер убаво да се стегне.
Тортата е кремаста и се топи како сладолед.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕСЕЧНА АНАЛИЗA НА ВРЕМЕТО ЗА МЕСЕЦ МАЈ: Не очекуваат нешто пониски температури, но и повеќе врнежи – Постои можност и за временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани наши, веќе започна да влијае ладниот феномен “ЛА НИЊА”, …