(ВИДЕО) „Мојата рака ги исклучува респираторите“: Потресна исповед на медицинска сестра која од апаратите за дишење морала да ја симне и нејзината колешка!

Хуанита Нитла (42) веќе 16 години работи како медицинска сестра во Интензивна нега во Кралската слободна болница во Лондон, каде ги исклучува пациентите од респиратори
За тешко заболените со Ковид-19, респиратор може да значи спас, но понекогаш дури и апаратот за дишење не може да помогне.
Хуанита Нитла (42) веќе 16 години работи како медицинска сестра во Интензивна нега во Кралската слободна болница во Лондон, каде меѓу другите ги исклучува и пациентите од респираторите.

„Понекогаш се чувствувам како да сум одговорен за нивната смрт“, вели таа.


Медицинските тимови се соочуваат со тешка одлука кога да го исклучат апаратот откако забележале дека пациентот не се опоравува. Тие го прават ова по внимателно разгледување и анализирање на фактори како што се возраста на пациентот, болеста од која страда или, неговиот одговор на вирусот и можноста за закрепнување.
Во втората недела од април, по пристигнувањето на работа, на Хуанита и’ било кажано дека нејзината прва задача е да ја исклучи својата колешка од апаратите, медицинска сестра во 50. ттите години, која била заболена со Ковид-19. На семејствата сè уште не им било дозволено да се збогуваат со своите најблиски кои умираат од вирусот корона, па таа морала да ја извести ќерката на пациентката по телефон.
„И реков дека нејзината мајка нема болка и дека изгледа пријатно. Ја прашав и за желбите на нејзината мајка и за верските потреби“, рекла Хуанита Нитла за Би-Би-Си.
Пациентката била во просторија со осум кревети, опкружена со луѓе кои исто така биле без свест. Хуанита ги повлекла завесите и ги исклучила апаратите, а персоналот за момент замолчел. Хуанита го стави телефонот на увото на пациентот за да може нејзината ќерка да и каже нешто. Потоа пуштила музика, која семејството ја побарало и го исклучила респираторот.


„Седнав покрај неа, држејќи и ги рацете сè додека таа не почина“, вели таа, додавајќи дека се’ завршило за пет минути.
Ќерката сепак и кажувала нешто на мајка си и се молела преку телефон, а Хуанита го земала телефонот и ја известила дека сега се“ е готово.
“Една колешка и јас ја измивме во креветот, ја завиткавме во бело ќебе и ја ставив во вреќа за мртви. Пред да ја затворам, со рака направив имагинарен крст над челото”, вели Хуанита.
Хуанита вели дека грижата за луѓето што умираат и помага да ја издржи кризата. Порано имала 34. на одделот, а сега имаат 60. кревети. Обично, една медицинска сестра доаѓа кај еден пациент, но сега треба да се грижи за тројца. Пред почетокот на секоја смена, членовите на персоналот се фаќале за рацете велејќи: „Да останеме здрави!“
“Ние внимаваме едни на други. Сигурни сме дека сите носат ракавици, маски и заштитни средства”, вели Хуанита Нитла, откривајќи го разорниот факт дека тие имаат просек од една смрт на ден, многу над просекот пред пандемијата. Поради ова, понекогаш може да биде тешко за неа да го избрка стравот.
“Имам кошмари. Не можам да спијам. Се плашам дека ќе се разболам. Сите се исплашени”.
Сепак, и покрај тоа што со месеци била на боледување поради туберкулоза и знае дека нејзиниот капацитет на белите дробови е ослабен, не сака да престане да ја извршува работата.
„На крајот на смената, мислам за пациентите кои починаа, но се обидувам да заборавам на тоа кога ќе ја напуштам болницата“, вели Хуанита.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …