(ВИДЕО) МИСТЕРИЈА НА ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА – БИЛ НАЈВАЖЕН СОРАБОТНИК НА ХИЛТЛЕР КОЈ НИКОГАШ НЕ Е ФАТЕН:На Фирерот му рекол дека Русите нема да го уапсат и повеќе никој никогаш не го видел!

Рајнхард Хајдрих беше првиот човек на Гестапо во 1936 .година, а Хајнрих Милер беше неговиот шеф на операциите. Откако буквално ја уништи опозицијата, Милер беше промовиран во полковник во 1937. година и конечно, официјално, стана член на нацистичката партија во 1939. година, на инсистирање на лидерот на Рајхот, Хајнрих Химлер.
Во 1939. година, Хитлер барал изговор да ја нападне Полска, па затоа Химлер, Хејдрих и Милер измислиле лажен напад, користејќи ги затворениците како пиони.
Иако затворениците мислеа дека ќе добијат помилување после ова, Милер им вбризгувал смртоносни инјекции, а потоа ги застрелал за да „нападот“ изгледа реален.Тоа ја оправдало нацистичката инвазија на Полска, што го означи почетокот на Втората светска војна во Европа.

Милер станал генерал-полковник на полицијата во 1941 година и покрај шпионажата, учествувал и во оркестрацијата на конечното решение за еврејското прашање.
Како десна рака на Хејдрих, еден од главните архитекти на холокаустот, Милер помогнал во организирањето на депортацијата на 10.000 Евреи со цел да се иницира конечна спогодба. Кога Адолф Ајхман, висок функционер на СС широко признат како клучен организатор на холокаустот, му пријавил на Милер кон средината на 1941 година дека Хитлер конечно наредил уништување на европските Евреи, Милер едноставно кимнал

Милер ја одобрил целата логистика потребна за уништување на Евреите, но продолжил и на други начини да им се  докажува на нацистите.
На пример, кога операцијата Валкири не успеала и обидот Хитлер да биде убиен, Милер лично го водеше испрашувањето на фатените. Тој уапси секој што имал, па дури и најдалечни врски до заговорот. Сè на сè, скоро 5.000 луѓе и нивните семејства биле убиени од нацистите. После егзекуцијата, Милер рекол: „Ние нема да направиме иста грешка како во 1918. година, нема да дозволиме нашите внатрешни непријатели да преживеат“..


Во последните денови од Втората светска војна беше очигледно дека Германците не напредуваа добро, но Милер беше убеден во победата. тој беше во посета на бункерот на Хитлер, кога Црвената армија веќе го опколи Берлин. Потоа тој изјави: „Ние ги знаеме руските методи. Јас немам намера да бидам фатен од Русите“.
Од тој ден веќе нема никаква трага на Хајнрих Милер. Се шпекулирало дека тој избегал, како и дека бил регрутиран од Американците или Советите кои и му дале нов идентитет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …