(ВИДЕО) Мек колач со јаболки: Има неверојатен вкус, и се прави од ефтини состојки!

Колачот се прави лесно, состојките се ефтини а вкусот фантастичен…
Состојки: 4 јајца, 100 г ореви, 100 г гриз, 50 мл масло, 100 г шеќер, 2 јаболки, 1 ванилин шеќер, 1 печиво, 200 мл јогурт, цимет.
Подготовка:изматете ги јајцата со шеќерот, додајте мелени ореви, гриз, ванила, печиво, масло, рендани јаболки, јогурт и малку цимет. Се’ добро изедначете и истурете во плех (22 х 23 см) покриен со хартија за печење.
Печете околу 45. минути на 200 степени. После 15 минути печење извадете го плехот од рерна и покријте со алуминиумска фолија или хартија за печење.
Кога колачот ќе биде испечен наросете го со малку шеќер во прав. Исечете го дури откако ќе се излади.

 


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Месечен хороскоп за сите хороскопски знаци: Еве што ве советуваат ѕвездите во овој месец од 05.01.2024 до 31.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Бизнис: Почетокот на месецот ќе биде обележан со турбулентни настани и појава на нови …