(ВИДЕО) Led Zeppelin: Култниот хит е плагијат!?

Судскиот панел од 11. судии од Деветиот окружен американски апелационен суд се согласил дека ќе ја сослуша жалбата на славната група Led Zeppelin во тужбата за авторски права, во која се тврди дека групата наводно го украла својот рок хит „Stairway to heaven” од 1971. година од инструментал од 60. ттите години.

На судењето во 2016. година кое го вклучувало сведочењето на гитаристот Џими Пејџ и пејачот Роберт Плант, поротата утврдила дека „Stairway to heaven” значајно личи на песната „Taurus”, која ја напишал починатиот Ранди Волф и неговиот бенд „Spirit“.
Пејџ рекол дека ја напишал музиката за песната и дека Плант го напишал текстот и дека и двете се оригинални.
Меѓутоа, во септември тричлен судски совет од Деветтиот круг пресудил дека судијата за време на судењето не ја советувал соодветно поротата и наложил ново судење.


Судиите едногласно утврдиле дека судијата згрешил кога на поротниците им рекол дека поедини елементи на песната, како што се нотите или скалата, не ги исполнуваат условите за заштита на авторски права бидејќи комбинацијата на тие елементи може да квалификува ако се доволно оригинални.
Адвокатите на бендот побарале поголема група судии да го сослушаат случајот и барањето е одобрено. Судскиот панел од 11. судии ќе го разгледа целиот случај кон крајот на септември во Сан франциско.
Преслушајте ги и двете песни па обидете се да процените и сами дали има сличности.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …