(ВИДЕО) Лажна тревога: Цел шпански град е иселен по грешка, од рај станал кулиси за хорор

Во 1960-тите, шпанската влада иселила историска локација што требало да биде потопена од водата на нова акумулација, односно вештачко езеро. Меѓутоа, тоа никогаш не се случило, а местото останало напуштено.
Овој средновековен град – тврдина денес е град на духови. Шпанското гратче Гранадиља било иселено по грешка, а таа грешка скапо се платила. Ова село е иселено заради изградба на ново акумулациско езеро.
Целото искуство било крајно трауматично за локалното население, од кои многумина сè уште ја носат својата фрустрација. Тие биле иселени поради поплава што никогаш не се случила. Мештаните биле насилно иселени, со тврдење дека браната ќе го поплави градот.
Тоа било практично невозможно бидејќи градот бил на поголема надморска височина од самата брана. Но, со оглед на тоа што било време на диктатура, тие немале никакви права. Градот е основан во 9 век. Гранадиља заземала стратешка локација што им овозможило на нејзините жители да внимаваат на Рута де ла Плата, древна трговска рута низ регионот.
Со текот на годините, градот останал недопрен, иако населението и владата се менувале.


Градот е евакуиран без причина
Крајот започнал уште во 1950-тите за време на диктатурата на Франциско Франко, кога Шпанија започнала голем проект за изградба на брани. Тоа бил еден од начините да се забрза економијата во периодот на изолација.
Најголемиот од овие потфати била акумулацијата Габриел и Галан на реката Алагон. Во 1955 година, експертите задолжени за проектот со декрет утврдиле дека Гранадиља се наоѓа во зона на поплава и дека затоа мора да се евакуира.
Од 1959. до 1969. година, сите 1.000 жители биле насилно иселени, многумина биле преселени во населбите во близина на Гранадиља. Кога водата почнала да се крева, го покрила целиот пат, освен дел од патот што води до селото, претворајќи го во полуостров.
Самиот град никогаш не бил поплавен, а на жителите сè уште не им било дозволено да се вратат. Ниту денес населението не смее да се врати во своите домови бидејќи владата се држи до декретот за поплави потпишан од Франко.

Сепак, посетителите можат да дојдат на еднодневни патувања.
Денес, туристите можат да го посетат овој историски град, можат да ѕирнат во празните куќи, да талкаат по улиците околу ѕидините и да го гледаат градот од врвот на замокот. Градот е прогласен за историско-уметнички локалитет во 1980. година и сега се води како музеј на отворено. Жителите и нивните потомци се среќаваат двапати годишно во градот на 1. ноември и 15. август, кога се верски празници.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот маченик Јаков Персијанец

Роден е во персискиот град Елапа или Вилат, од христијански родители, воспитан во христијанската вера …