(ВИДЕО) Квинси Џонс: „Мајкл Џексон плагираше многу хитови!“

Славниот музички продуцент Квинси Џонс, кој стои зад хитовите на Мајкл Џексон, починатиот крал на попот го обвинил дека плагирал неколку свои песни, меѓу нив и митската песна „Били Џин“.
„Не сакам тоа да го зборувам јавно, но Мајкл украде многу работи. Украде многу песни“, рекол 84. годишниот продуцент кој учествувал во релизацијата на митските албуми на Џексон како „Трилер“ и „Лош“.
„Освен тоа беше макијавелист колку можеше“ рекол Квинси за порталот Валчер.
Тој предупредил на сличноста на песната „Били Џин“ и „Stejt of Independens”, на дискокралицата Дона Самер, која била објавена неколку месеци пред хитот на Џексон, а и двата проекти ги продуцирал лично Квинси Џонс.


И’ двете песни како што наведува Џонс имаат иста бас линија на синтисајзер, иако сличноста не може веднаш да се забележи.
Џонс исто така го обвинил Мајкл Џексон, кој починал во 2009. година, дека бил „тврд на пари“, така што одбивал на време да ги исплати музичарите.
Славниот продуцент и покрај „позните години“ и понатаму е активен во светот на музиката.
Неодамна отворил видео стриминг сајт специјализиран за џез.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …