(ВИДЕО) Купил ново „BMW M5“ и го искршил после само 11. километри!

Задоволството на возење во новиот BMW M5 болид траело само неколку минути…
Деталите за несреќата, во поголем дел, не се познати, но судејќи по фотографиите и видеоматеријалот сопственикот на BMW удрил во дрво со голема брзина. Иако на прв момент може да се види дека станува збор за стандардна приказна за возачите на BMW, авторот на фотографијата Шанзаб Малик не разубедува.


Несреќата се случила во Балтимор и, наводно, учествувало и друго возило кое го удрило беемвето од страна. Возачот на БМВ изгубил контрола над возилото и завршил во телефонски столб. Други информации велат дека несреќата вклучувала кросовер чиј возач нагло и без да ги предупредува останатите учесници во сообраќајот решил полукружно да сврти, на дел од патот каде што тоа било забрането.
Во секој случај, автомобилот БМВ претрпел голема штета, а штетата од страната навистина вели дека имало влијание што го иницирал слетувањето од патот. Да потсетиме, М5 го покренува 4,4 твинтурбо со 600 КС и 750 Нм, 100 км на час има за 3,4 секунди и може да повлече над 300 км на час. Во Америка, цената му е над 100.000 американски долари.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …