(ВИДЕО) Компјутерски подмладен Харисон Форд: „Малку е страшно“

Во почетната сцена на петтиот дел од Индијана Џонс, сместена во 1944 година, главниот лик ќе се појави компјутеризирано подмладен, а самиот Харисон Форд е изненаден од резултатот.
„Ова е прв пат да видам вакво нешто и да верувам во тоа што го гледам. Малку е страшно. Мислам дека не сакам ни да знам како функционира, но тоа функционира”, коментирал Харисон Форд при доаѓањето лице в лице со своето помладо јас.

Подмладен Харисон Форд
Биле користени неколку техники за подмладување на главниот лик, вклучително и софтвер кој го подобрил свежо снимениот материјал заснован на архивски снимки на младиот Харисон Форд.
„Се надевам дека само ќе го погледнете и ќе кажете: ‘О Боже, штотуку најдоа стара снимка, ова е нешто што го снимиле пред 40 години’“, вели продуцентката Кетлин Кенеди.
Режисерот Џејмс Манголд сакал да ја задржи истата енергија како и неговите претходници Стивен Спилберг и Џорџ Лукас во петтиот дел од филмот.
„Сакав да и дадам на публиката адреналин“, изјавил Манголд.


Во кината следната година
Поради тоа филмот ќе започне во 1944 година, во замок полн со нацисти, а пред херојот да се најде во сегашноста, тој ќе сврати и до 1969 година, во време кога Американците очајно сакаат да ги престигнат Русите во трката до Месечината.
„На овој начин публиката ќе го доживее авантуристичкиот дух на тие рани денови“, објаснил режисерот.
„Филмот е полн со авантури, полн со смеа, полн со вистински емоции“, заклучил Харисон Форд.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …