(ВИДЕО) Како изгледа блиска средба со автомобил кој вози во спротивна насока на автопатот

Страшна ситуација.
Блиска средба со возило кое вози на автопат во спротивна насока е една од најстрашните и најопасни ситуации за возење. Често таквата средба завршува со директен судир со најсериозни последици.
Ова видео кое е создадено во Полска покажува колку е навистина застрашувачко. На видеото се гледа навидум нормален сообраќај на автопатот. На претстојната опасност укажува возачот на шлепер од коловозната лента во крајната лента, кој цело време трепка со светлата и на тој начин сигнализираат дека нешто се случува на патот.
Набрзо гледаме фарови на автомобил кој вози во спротивна насока на брзата лента, а потоа кон него се движи мерцедес со голема брзина. Возачот на Мерцедес во последен момент закочил, наеднаш маневрира и ја менува лентата, при што избегнал фатален судар.

Пред се треба да му се честита на возачот на Мерцедес за неговата сталожена и брза реакција. Исто така, можно е да се работи за безбедносниот систем за помош на возачот.
Тоа е Evasive Steering Assist и е автоматизиран систем за препознавање на пречка пред автомобилот и избегнување на истата.
Сепак, овој маневар ги спасил животите на патниците во двата автомобила.


Фото: Принтскрин/streamable.com


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …