(ВИДЕО) КАКО Е ОВА МОЖНО – ЈА ИСЕКОЛ ДЕВОЈКАТА СО ПИЛА ПА ЈА ИЗЕЛ! ТЕЛОТО НИКОГАШ НЕ Е НАЈДЕНО: После 12. години робија канибалот е повторно на слобода!

Пол Дурант (60) ја изел својата девојка Карен Дурел а после 12. години „Канибал Коста“ излегол на слобода…

Извор близок до семејството на жртвата вели дека сега поминуваат кошмар иако знаеле дека наскоро ќе биде пуштен.
“Телото на Карен никогаш не беше пронајдено. Нејзината смрт беше многу трауматична и остави многу неодговорени прашања зад себе. Тој човек сега ќе го среќаваат на улица. Како да се справат со тоа”, се прашува изворот.


“Канибал Коста“ бил зависник од хероин и во 2011 година ја убил девојката. Жената имала 41. година, две деца и се развела, а Дурант тогаш бил во бегство од два грабежи на банка. Карен ја запознал во Бенидорм, каде се преселила по разводот, во потрага по помирен живот. Неколку недели подоцна, полицијата извршила рација во нејзиниот стан каде пронашла крв, нож и пила со траги од човечко месо – но без тело.


Дурант во полиција рекол дека ја удрил со голем чекан.
„Откако ја убив, ја исеков со пила на помалите делови и ги изедов оние делови што сметав дека се јадат“, рекол тој.
Дурант е осуден на 12. години затвор, а казната ја служел во Велика Британија. Всушност, се вратил да ја отслужи другата казна и тоа за грабеж во траење од осум и пол години.
Дурант неодамна се доселил во еден кварт во Лондон. Откако дознале кој е нивниот нов сосед, жителите на населбата се загрижени и велат дека овој канибал многу пие и излегува по баровите. Но и дека од далеку го одбегнуваат.


Екран.мк/Net.hr/
Фото: Printscreen Youtube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …