(ВИДЕО) ХОЛИВУДСКИ НЕМИРКОВЦИ: Славни татковци кои „шарале“ со дадилките!

Холивудските бракови честопати се на разнишани нозе. Ѕвездите се разделуваат главно поради пребукирани распореди, страшна слава и работа и неможноста да поминат многу време заедно. Од време на време, се појавуваат скандалозни измами.
Некои славни татковци се занеле толку многу, па своите славни жени ги замениле со дадилки. Некои од мажите беа толку заљубени во бебиситерките кои се грижеле за нивните наследници, што на крајот останале со нив.
Гевин Росдејл
Гвен Стефани и Гевин биле во брак 13. години, имаат три сина и важеа за еден од најхармоничните парови. Сепак, потоа, како гром од ведро небо, дојде најавата дека пејачката и фронтмен на групата „Буш“ ќе се разведат во 2015. година. Брзо се појавија информации дека Гевин ја изневерил пејачката со дадилката на нивните синови, Минди Ман, а дека нешто навистина се случувало, пријателите ја предупредиле Гвен.
Росдејл имал врска со жена која три години се грижела за нивните деца, а извори тврдат дека тој инсистирал нивните три деца да одат на турнеја со него и дека имал сексуални односи во автобусот со дадилката веднаш штом децата ќе заспиеле. Дадилката Минди започна да ја копира пејачката, се облекувала исто, па дури и почнала да јаде како неа.
Извори тврдат дека штом Гвен ќе купила нова торба или започнала да вежба на нов начин, Минди веднаш ќе ја ископирала. Кога Гвен дознала за оваа афера, таа веднаш поднела барање за развод. Потоа, таа најде среќа во врската со колегата Блејк Шелтон, а Роздејл ретко се појавува во јавноста, иако тој изјави дека и покрај измамата, тој не сака да се разведе.


Итан Хоук
Можеби најпознатите примери за тоа колку дадилките можат да бидат опасни за бракот на холивудските sвезди се Итан Хоук и Ума Турман.
Двајцата се разведоа во 2005. година, по пет години брак, а актерот многу брзо по разводот се ожени со дадилката на неговите деца, Рајан Шохјуз. Од бракот со Ума, Итан има две деца, исто како и во бракот со Рајан, кој сè уште трае. Но, Хоук и денес тврди дека двајцата не се „сплеткале“ за време на неговиот брак со Ума.
„Знам дека луѓето замислуваат сценарио во стилот на ‘Мои песни, мои соништа’, но јас и Рајан се вљубивме откако таа повеќе не работеше за мене“, реколИтан, кој сè уште тврди дека причината за разводот со Ума е нешто сосема поинаква, додека неговите познаници го тврдат спротивното.


Арнолд Шварценегер
Приказната за славниот актер е доказ дека ниту една тајна не може да остане тајна засекогаш. Арнолд ја изневерил сопругата многу години пред таа да го открие тоа. И не само тоа.
Холивудскиот актер добил дете со дадилката на своите деца. Милдред Баена му родила син на легендарниот Терминатор, кој сега има 22. години. Интересно е што таа родила син за актерот само неколку дена пред неговата сопруга Марија Шривер да му го донесе синот Кристофер.
Кога аферата била откриена неколку години подоцна, сопругата на филмскиот Терминатор решила да стави крај на нивниот брак. Арнолд продолжува да го поддржува финансиски својот вонбрачен син Џозеф Баена.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …