(ВИДЕО+ФОТО) Во Буенос Аирес – Шакира ги изненадила сите на концертот, за прв пат пеела со своите синови: „Момент што ќе трае засекогаш“


Колумбиската музичка ѕвезда Шакира им приредила големо изненадување на своите обожаватели на концерт во Буенос Аирес како дел од светската турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“. Имено, нејзините синови Милан и Саша ѝ се придружиле на сцената за прв пат.
Тие ја изведле песната „Acróstico“, која ја објави во 2024 година. Таа споделила видео од настапот на Инстаграм и напишала:
„Буенос Аирес, ти благодарам за овој момент што ќе трае засекогаш. Беше магично да пеам со моите деца и да ги гледам како ја изведуваат музиката што ја носат во себе, додека ги гледав и другите семејства како пеат и се прегрнуваат!“.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)


Публиката на стадионот „Jose Amalfitani“ била воодушевена од нивниот настап. Обожавателите се надеваат дека Милан и Саша ќе почнат да се занимаваат со музика во иднина бидејќи го наследиле талентот од својата мајка.
Шакира ги доби Милан и Саша со својот поранешен партнер Жерар Пике. Кога двојката се раздели во 2022 година, откако пејачката откри дека поранешниот фудбалер ја изневерил, таа се пресели во Мајами со своите синови.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Битолски театар и Бабец театарот ја воодушевија публиката во Шведска

Екипата на Битолскиот театар со претставата ,,Ако останеш дома” по мотиви на Карој Сакони и …