(ВИДЕО+ФОТО) Седум години долго криена тајна…и’ продолжуваат!

Наводно, Ева Мендез и Рајан Гослинг се во слатко исчекување, а се шушка за близнаци…
Се шушка, се шушка…
Ако може да им се верува на гласините кои денес се појавиле на трач порталот The Hollywood Life, актерскиот пар Ева Мендез и Рајан Гослинг се во наводно исчекување и дека наводно чекаат близнаци.
44. годишната глумица и 37. годишниот глумец веќе имаат две девојиња, 3. годишната Есмералда и 2. годишната Амада, а со оглед на тоа дека од своите љубовни почетоци ја кријат интимата како змијата нозете, среќните вести службени не се потврдени.


Да потсетиме парот е заедно до септември 2011. година кога се фатени на романтичен состанок во Дизниленд, а се запознале на сетот на филмот „The Place Beyond the Pines”.
Судбоносното „ДА“ го изговориле во септември 2016. година, исто така во строга тајност. До ден денес од венчавката во јавност не се појавила ниту една фотографија, токму како кога дека Ева го носи нивното прво дете се дознало кога таа веќе била во седми месец на бременост.
Двојката сиве овие години само неколку пати заедно се појавила во јавност, а за својот однос скоро никогаш не зборуваат.


Рајан не изненади на доделувањето на Златните глобуси во 2017. година за време на примањето на наградата за улогата во кино хитот „Ла ла ленд“ кога јавно се заблагодари на сопругата на поддршкта и за тоа дека ги чувала нивните ќерки и во исто време се грижела за болниот брат за да тој може да го снима филмот. Откако го завршил кусиот говор, од колегите добил громогласен апалуз, а го освоил и срцето на публиката по којзнае кој пат


Ако може да му се верува на споментиот портал, кој често изнесувал и лажни вести, Рајан и Ева се на седмо небо поради веста бидејќи не очекувале „такво чудо“. Наводно чекаат момче и девојче.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …