Ентони Бордејн, со го одзел животот,со бесење, после долгогодишна борба со зависноста но и депресијата која многу славни лица ги довела до работ и ги турнала во бездна.Бордејн, во текот на животот, често говорел за таа подмолна болест која општеството сеуште не ја сфаќа сериозно.
Многумина за депресија ги нарекуваат кусите меланхолични периоди или лошото рсположение кое трае подолго од еден ден, не сфаќајќи дека тоа е сериозна болест од која многумина, за жал, не можат да се извлечат.
Последните години депресијата одземала шест животи на славни лица и илјадници животи на обични луѓе.
A post shared by RI III% (@ri_three_percenters) on
Авици, Честер Бенингтон, Кејт Спејд, Верн Троер, Долорес О’Риордан и Ентони Бордејн не успеале да ја издржат депресијата.
Според некои податоци во средно голема земја (како Хрватска на пример) од депресија се заболени околу 200. илјади луѓе, во САД само минатата година 46.000 луѓе извршиле самоубиство.А, до 2020. година депресијата ќе стане најголем светски здравствен проблем.
Колку депресијата е подмолна и тешка болест покажуваат фотографиите на некои славни лица неколку дена пред смртта. Во написите по медиумите се наведува дека биле „одлично расположени и се смееле“, а на нивните фотографии нема ништо што би можело да упати на пеколот кој се случува во нивните глави.
Шведскиот ДЏ Авици си ги исекол вените си искршено шише, додека бил на одмор. Било познато дека се борел со зависност од алкохол, но било невозожно да се замисли во каква психичка состојба бил.
Честер Бенингтон само шест дена пред смртта пеел на караоки, се смеел и зафркавал. „Ова ми е најдобар ден во животот“, рекол само неколку дена пред потполно да потоне.
Дизајнерката Кејт Спејд немала проблеми со опијатите, но депресијата и го уништувала животот. Таа на ќерката и оставила проштелно писмо во кое напоменала дека причината за самоубиство е нејзиниот татко кој сакал да се разведе од неа.
И’ Долорес О’Риордан патела од депресија и биполарно пореметување. Умрела на 15. јануари оваа година, а причината на нејзината смрт сеуште не е потврдена.