Првата дама на Америка не штедела на зборови и повторно ги воодушевила сите со својот стил…
Последните неколку дена, првата дама Меланија Трамп покажала дека е жена која знае како да ги „освои“ симпатиите на јавноста. Во неколку наврати се појавила во различни изданија и секогаш – воодушевила.
Последниот пат кога ја видовме јавно, таа повикала на љубов за време на празничната сезона, здружувајќи се со организацијата „Играчки за мали деца“ за поддршка на семејствата на војниците.
– Во текот на овој божиќен период, вие, вашите пријатели и вашите семејства треба да го посакате највредниот подарок – љубовта. На крајот на краиштата, љубовта патува уште подалеку од ирвасите на Дедо Мраз и американските авиони – рекла првата дама Меланија Трамп.
Госпоѓа Трамп пристигнала со Дедо Мраз во морнаричката база Квантико, пристигнувајќи во авион V-22 Osprey. На задоволство на американските маринци, волонтерите и воените семејства, Меланија Трамп ја продолжила традицијата од повеќе од 75 години, носејќи дополнителна радост на милиони деца низ Америка.
Првата дама ја нагласи храброста и издржливоста на децата на воениот персонал, велејќи им:
– Вие сте срцето на денешната прослава.
View this post on Instagram
Таа одржала говор пред стотици деца во украсен, историски хангар, помогнала во дистрибуцијата на играчки, обиколка на креативни работилници и поминала време со семејства чии најблиски служат дома и во странство.
На крај, таа им посакала на сите воени семејства Среќен Божиќ и ја изразила благодарноста на нацијата за силата, дарежливоста и патриотизмот што ги споделуваат со своите заедници.
Освен говорот, Меланија се нашла во центарот на вниманието на медиумите и затоа што одела рака под рака со Дедо Мраз со голема насмевка на лицето во прекрасен краток бел капут Proenza Schouler, кој чини околу 2.195 долари, што е околу 2.000 евра.
View this post on Instagram
Освен палтото, нејзината облека вклучувала и други скапи парчиња како што се црни чизми ALAÏA, околу 3.100 долари, и очила за сонце Saint Laurent, кои чинат околу 595 долари.
Со оглед на сите овие цени, нејзиниот стил за ова појавување вреди приближно 5.890 долари, што е околу 5.400 евра. Импресивно, но зошто да не кога таа во моментов е една од најпознатите и најдобро стилизирани жени во Америка, а богами и пошироко.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни