(ВИДЕО) Емилија Кларк за снимањето интимни сцени со Џејсон Момоа: „Плачеше повеќе од мене!“

Ѕвездата на „Игра на тронови“ Емилија Кларк се отворила за снимањето интимни сцени на сетот на шоуто.
Кларк во 62. епизоди од серијата ја глумеше Дејнерис Таргариен, а улогата освен слава и донесе и неколку предизвици. Актерката влегла во серијата на 23 години, по актерското училиште, а на толку млада возраст била соочена со големиот предизвик да игра еден од најпознатите ликови од целата серија.
Признала дека била преплашена од секс сцените бидејќи не знаела што да прави. Никогаш претходно не била на голем филмски сет, а барањето да се соблече гола пред сите членови на екипата, но и пред публиката, и било особено тешко.
„Никогаш не сум била на ваков филмски сет, а потоа се најдов на филмски сет целосно гола, опкружена со сите овие луѓе и не знаев што треба да правам, што се очекува од мене. Не знаев што сакаат тие, ниту што сакам јас“, рекла Кларк, признавајќи дека не знаела дека ќе има голотија пред да ја прифати улогата.


Таа го спомнала и актерот Џејсон Момоа, со кој била во експлицитна сцена кога Кал Дрого ја силува Денерис Таргариен. Таа нагласила колку актерот бил нежен и професионален кон неа како млада, неподготвена актерка и дека неговата заштита многу и помогнала за време на снимањето.
„Тој плачеше повеќе од мене. Дури сега сфатив колку имав среќа со тоа бидејќи можеше да помине на многу, многу, многу различни начини”, рекла таа, откривајќи дека Џејсон Момоа бил многу љубезен и внимателен и се грижел за неа како за човечко суштество.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …