(ВИДЕО) Џеј Кеј Роулинг, авторката на „Хари Потер“, открива:Короната ја победив со дишење!

Авторката тврди дека ги имала сите симптоми на коронавирус, но не била тестирана…
Р. Роулинг, авторка на серијалот „Хари Потер“, тврди дека ги имала сите симптоми на коронавирус, но не била тестирана. Таа вели дека во целост закрепнала, тврдејќи дека открила техника што го олеснува дишењето.
„Во последните две недели ги чувствував сите симптоми на коронавирус, а мојот лекар и сопруг ме советуваа да започнам да ја практикувам оваа техника на дишење, што навистина ми помогна“, напишала таа и приложи видео во кое лекар од Квинс ја објаснил техниката.
„Ве молам, погледнете го ова“, додала таа.
Во видеото, лекарот наведува дека е важно техниката да се примени што е можно поскоро, дури и ако не сте заразени.


„Пет пати длабоки вдишете. Држете го здивот пет секунди и на шестата длабоко закашлајте се и покријте ја устата со рака. Повторете го ова а потоа легнете на стомакот. Перницата нека биде пред вас. Дишете длабоко во наредните десет минути“, тврди лекарот.
„Поголемиот дел од вашите бели дробови се на задниот дел, а помал на предната страна. Поради оваа причина, лежењето на грб за време на инфекција ќе ги затвори малите дишни патишта и ќе ви го отежни дишењето“, вели докторот во видеото.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …