(ВИДЕО) Бездомник ги вознемирува и напаѓа жителите во строгиот центар на Скопје

Револтирани граѓани, жители од центарот на Скопје, до редакцијата на МКД.мк испратиле фотографии и видео од бездомник, кој, како што велат тие, веќе една година преспива по нивните гаражи и влезови, ги вознемирува, а никој ништo не презема.
Случајот неколку пати бил пријавен во полиција, но нивниот одговор бил дека тие не се надлежни. Жителите во зградите околу Соборниот храм велат дека последниот инцидент со овој, тие велат најверојатно бегалец, се случил вчера, кога биле нападнати неколку девојчиња.
По неуспешниот нивен апел до полицијата, тие решија за ова да ја алармираат и јавноста, по што сепак очекуваат некаква интервенција на кој и да е надлежен државен орган.

Извор: mkd.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …