Вечерва во Театар Куманово игра театарската претстава „Соѕвездија“

Вечерва во НУЦК Трајко Прокопиев во Куманово со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена тетарската претстава „Соѕвездија“.

Улоги: Александра Пешевска, Мирослав Петковиќ, Нина Максимова, Марко Трајковиќ, Владанка Крстевски, Давид Илиќ.


Асистент на режија: Драгана Гунин
Сценографија: Васил Христов
Композитор: Огнен Анастасовски
Костими: Розе Трајческа
Превод: Викторија Рангелова
Драматург: Зоран Зафировски
Дизајн на плакат: Нина Максимова
Инспициент: Антонио Пешевски
Светло мајстор: Звонимир Мицевски
Тон мајстор: Звонимир Мицевски
Суфлер: Виктор Величковски
Гардеробер: Елизабета Накевска
Реквизитер: Драгана Стојмановска
Сценски декоратери: Јовица Николовски, Марјан Милановски, Лила Зафировска, Бобан Милановски, Игор Душановски, Саљим Хамдија, Исак Јаихии, Зорица Милошевска
Набавувачи: Снежана Стојановска, Јовица Цветковски
Маркетинг: Себихана Скендеровска, Јоана Серафимовска
Директор: Сашо Тодоровски

Претстава за изборот на одлуки што го дефинираат правецот на нашиот живот, за слободната волја, за улогите на случајноста и неочекуваните ситуации (што ни ги носи животот), за загубата и разделбата од најблиските. Шест актери, ослободени од претензија за атрактивност и допадливост, постепено градат мозаик од стилски повторувања на зададена тема, кој прераснува во мошне прецизен механизам и ја развива до крај драмски софистицираната приказна за љубовта помеѓу пчеларот Роланд и физичарката (космолог) Мериен. Тргнувајќи од основните поставки на квантната физика се преиспитуваат варијациите на љубовниот однос и можностите за негов развој во паралелни универзуми, како и феноменот на времето и паралелното постоење во таканаречениот „мултиверзум“…


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …