„Духовите на радиото” – Радио Ателје со Харис Сахачиќ

Во “Дуќан” во Струга, денес, со почеток во 18:00 часот, ќе може да присуствувате на семинарот „Духовите на радиото” – Радио Ателје со уметникот Харис Сахачиќ кој престојува во Струга од 21.04-08.05 2024 година.

Главната идеја на семинарот е креативно да ги осознае уметничките, технолошките и општествените аспекти на радиото како глобален, интерконтиненталeн, регионален, локален и филозофски концепт кој годинава слави 100 години од првото радио емитување. Концептот на Радио ателје, се фокусира на практично, техничко и теоретско експериментирање со четирите аспекти на радио продукција: алатки; звучни кулиси; морфологија на артикулација; електро акустична продукција на звук.


Харис Сахачиќ доаѓа од Сараево, каде работи во независното радио Радио Црвена. Дипломирал на Баухаус универзитетот во Вејмар, специјалност Медиа дизајн. Овој семинар е наменет за сите ентузијасти од кои сакаат да експериментираат и да се изразуваат преку аудио медиски формати; да стекнат технички и теоретски знаења за радио продукција; мултимедијални уметници, електротехничари, програмери заинтересирани да кодираат звук и сите останати од југозападниот регион кои сакаат да ги збогатат своите вештини за аудио продукција.

Планирани се прошетки за “собирање” на звучни слики, работа во студио и други интерактивни сесии за индивидуално и групно експериментирање.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …