Васил Хаџиманов и новата Mercedes E-Class, гала-средба на традициите во салонот на „Мак Аутостар“

Компанијата „Мак Аутостар“ беше домаќин на мини-концерт на Васил Хаџиманов Бенд, а повод беше промоција на новата Mercedes-Benz E-Class.

Грандиозен настан со многу внимание на разни префинети детали, бидејќи токму Е-класата е единствениот модел на Mercedes што најдолго патува низ времето, секогаш носејќи врвни иновации во светската технологија.


Нa самиот настан беа изложени олдтајмери модели на Е-класата, произведени пред 40, 50 и 60 години, кои привлекоа огромно внимание кај гостите, враќајќи ги за миг во дел од тоа време.

Е-класата остави траен белег во историјата на автомобилите, секогаш создадена од најпознати дизајнери во своето време, пионер во разни врвни технологии.


Автомобил што освојувал многу први места во разни светски рели трки на издржливост, а меѓу нив е и еден уникатен автомобил, рекордер, со најмногу изминат пат од 4,6 милиони километри. Mercedes Е-класа е автомобил што се произведува во милионски бројки, на речиси сите континенти во светот и секогаш бил дел од нечија семејна традиција.

Историјата продолжува да се испишува со новата Е-класа, модел што повторно гo покажува својот сјај, лидер во автомобилската индустрија, прв промовирајќи го полусамостојното управување, сè до најнова дигитална технологија со вештачка интелигенција, кои возењето го прават безбедно и удобно.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …