Утре во Драмскиот Театар во Скопје игра претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“

Утревечер во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете претставата „Вилицата на Ибен Бајерс“.

Автор: Филип Грујиќ
Режија: Борис Василески
Продуцент: Андреа Маркоска
Сценографија: Ненад Тонкин
Костимографија: Марта Дојчиновска
Музика: Сашко Костов
Драматургија: Стефан Миленков


Улоги: Марјан Наумов, Гоце Андонов, Благојчо Стојанов, Ава Хусеини, Томислав Давидовски, Катерина Јовановиќ, Ана Грамосли, Јанка Лефкова

„Вилицата на Ибен Бајерс“ сведочи за извонредниот подем и трагичниот пад на Ибен Бајерс, човек обземен од амбиции и заробен од смртоносна привлечност. Така, со возбудлив приказ на ненаситната потрага на еден човек за моќ, оваа претстава навлегува во вистинската приказна за протагонистот, харизматичен индустријалец чиј живот добива судбоносен пресврт кога ќе наиде на моќен напиток.


Со секој наелектризиран момент, претставата го сплетува возбудливото искачување на Ибен, неговите извонредни триумфи и темнината што се крие зад неговата навидум непобедлива аура. Општествениот коментар на делото се зајакнува уште повеќе со појавата на Radium Girls кои паралелно со приказната на Ибен, ја раскажуваат и својата приказна обоена во црно од зелениот еликсир.

„Вилицата на Ибен Бајерс“ е застрашувачко истражување на човечкиот дух, што ги истакнува опасностите од неконтролираната амбиција и кревкоста на нашето постоење – сплет на хибрис и трагедија кои даваат одговор на многу навидум едноставни но сепак комплексни човекови дилеми.


Драмски театар Скопје го отстапува својот простор како поддршка на независната сцена.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на полското дуо Siksa во Котур

Вечерва, со почеток во 21:30 часот, во Котур, ќе може да го проследите концертот на …