Туба Бујукустун ве води во возбудливо бегство од затвор

Актерката од „Валкани пари и љубов“ и „Украдено минато“, Туба Бујукустун повторно се враќа на малите екрани во трилер серијата „20 минути“. Туба ја толкува Mелек, модерна и убава жена која живее среќно со нејзиниот сопруг и децата. Сопственичка е на слаткарница, и ужива во времето поминато на работа. Нејзиниот маж Али работи како професор по историја на факултет.


Но, една ноќ, за само 20 минути ќе смени сѐ во нивните животи. Ноќта, кога Али и Мелек го празнуваат купувањето на нова куќа, се претвора во нивен најголем кошмар. Сосема неочекувано и насилно, полицијата упаѓа во нивната куќа и ја апси Мелек за извршено злосторство. Ниту на Мелек, а ниту на Али, не им е јасно што се случува во тие трауматични 20 минути, но полека стануваат свесни дека ништо повеќе нема да биде исто.

Мелек е осудена за убиство на некој човек, затоа што на пиштолот биле најдени отпечатоци од нејзините прсти. Али не може да најде никаков доказ кој ќе ја докаже невиноста на неговата жена, а очајот и немоќта го тераат да кова секакви планови како би ја спасил Мелек од затвор. Така го наоѓа итриот Кеди, кој неколкупати успешно побегнал од затвор, и кој сега треба да ѝ помогне на Мелек да побегне од зад затворските решетки.


Новите епизоди ќе ги следите премиерно секој работен ден од 19:05ч. на Diziканалот.

Наспроти интензивните случувања во „20 минути“, за оние кои сакаат авантура овој мај може да уживаат во серијата  „Девојката со црвена марама“секој работен ден од 20:50ч.


“Девојката со црвена марама” зборува за големата љубов на Асије и Илјаз. Серијата е снимена врз основа на романот на Џингиз Алтматов и истоимен филм од 1978 година.

Девојката со црвена марама се вика Асије, млада и весела девојка која се противи на одлуката на своето конзервативно семејство да ја омажат за човек кој не го познава. Додека нејзините мајка, татко, браќа, сестрата и зетот се опседнати со договорениот брак, Асије сонува за вистинска љубов од бајките која ќе се роди во планинските предели во селото каде живее.

Еден ден во преубавите зелени полиња, Асије го запознава Илјаз. Неговото семејство живее во селцето, а тој е дојден тука за да учествува на трка со мотори. Најголема страст му се моторите, но неговиот строг татко упорно го убедува да не го прави тоа затоа што брат му загинал во несреќа со мотор.

Проблемите се појавуваат кога Илјаз на прво место ги става страста кон моторите, трките и парите наместо домот кој треба да го гради со Асије. Откако двајцата ќе се разделат, нивните животи стануваат сѐ подраматични. Ќе ги спои ли љубовта? Гледајте на Dizi.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …