Три македонски музичари номинирани на „HEMI Music Awards 2023″

Центарот на европската мрежа за размена на музички иновации – „ХЕМИ” ги откри 27-те номинирани музичари за третото издание на „ХЕМИ Музички Награди” (HEMI Music Awards) меѓу кои се номинирани и три македонски изведувачи и тоа: Дина Јашари, „Јон Ајди” и „Перија”. Од вкупно 280 извонредни европски изведувачи, од разновиден спектар на жанрови, кои одговорија на повикот за учество, меѓународно жири на професионалци од музичката индустрија ги избра 27-те изведувачи кои ќе се придружат на „ХЕМИсферата”!

This image has an empty alt attribute; its file name is Yon_Idy_1080-1-1024x1024.jpg


Овие номинирани соло изведувачи и групи доаѓаат од 9 држави во централна и југоисточна Европа (Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Србија, Словенија) и ќе учестуваат во првата фаза на „ХЕМИ Музичките Награди”. Таа фаза вклучува воведни активности за номинираните, кои имаат за цел да помогнат изведувачите да го развијат својот капацитет за влез на нов пазар.

Активностите на „ХМА” ја комбинираат теоријата и праксата, а над се’ нудат животно искуство! Учесниците ќе имаат пристап до онлајн состаноци и предавања за збогатување на нивното знаење за музичката индустрија, особено проблемите во секторот за настапи во живо. Тие дополнително ќе добијат акредитации за учество на водечките европски изложбени фестивали и конференции, проследени со интернационално покровение во медиуми.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …