Фото: Принтскрин Јутуб

Тијана Дапчевиќ со нов хит – „Najskuplja“ доби моќен спот, а реакциите не запираат


Само неколку дена по премиерата, новата песна „Najskuplja“ на Тијана Дапчевиќ веќе брои речиси 50000 прегледи, а публиката ја поздрави како едно од нејзините најемоционални и најзрели изданија во последните години. Баладата, исполнета со ориентален мелос, балканска чувствителност и драматична оркестрација, уште од првото слушање плени со убавина што опива.

Авторскиот тим зад „Najskuplja“ е составен од реномирани имиња на регионалната музичка сцена. Музиката ја потпишува Andrej Jakšić, текстот е дело на Dragan Brajović Braja и Aleksandar Delić Dinge, додека аранжманот го создаде Adis Sirbubalo.


Песната е снимана во студиото Modra Rijeka во Сараево, а за финалниот звук се погрижи Igor Ivanović со микс и мастеринг.

Видео-записот е вистинска мини-кинематографија, потпишан од Антонио Павловски од Storyteller production, кој стои зад сценариото, режијата, камерата и монтажата.  Интимниот амбиент, играта со светло и сенка, и препознатливата актерска вештина на Тијана создаваат атмосфера која ја нагласува болката, копнежот и драмата што ги носи самата песна.


Со „Najskuplja“, Тијана Дапчевиќ уште еднаш покажува дека знае како да ја спои својата моќна вокална емоција со силна приказна и врвна продукција. Ова е песна што не само што се слуша – таа се доживува.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ВЕНЕРА ВО СТРЕЛЕЦ ОД 30 НОЕМВРИ ГО ОСЛОБОДУВА СРЦЕТО ОД СТРАВ: Три хороскопски знаци ќе имаат можност да постигнат сè за што сонувале

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …