Новиот македонски блуз состав „The Mole Pack“, вчеравечер ја одржа својата концертна промоција на нивниот прв албум „Gambling Man“ во клубот „Маракана“!
Албумот се состои од девет песни во кои покрај блуз и рок има доза на фанк, соул, па дури и малку кантри влијание.
Членови на бендот се: Димитар Даневски (ритам и соло гитара), Александар Ѓорѓиески (вокал и усна хармоника), Теодор Бошков (бас гитара) и Глигор “Гишо” Динев (тапани).
Пријатели и музичари кои имаат значајна улога и помогнаа во нивниот албум се Дарко Стојоски (ритам и соло гитара), Златко Андријевски (ритам и соло гитара), Бранко Сапламаев (клавијатура), Влатко Сапламаев (клавијатура).
Од бендот за ЕКРАН најавија дека имаат во план многу свирки наредниот период, а во меѓувреме добиле покана и да свират на фестивалот UNDERFEST, кој ќе се одржи во Скопје, наредната година.
Погледнете како изгледаше вчера нивната концертна промоција: