Тестенини со свежи шампињони и печеница

Состојки
300 г. тестенини
500 г. свежи шампињони
120 г. печеница или сланина, свински врат или шунка
1 мала главичка кромид
1-2 лажици магдонос
100 г. кашкавал
по потреба сол,бибер и масло
Прелив
3 средни јајца
250 гр кисела павлака
по потреба путер и брашно за мачкање на тавата за печење
3-4 шери домати за декорација
Подготовка:во поголемо количество насолена и зовриена вода сварете ги тестенините, за време, означено на паковањето. Потоа исцедете ги.
Печеницата или сувомеснатото што ќе го изберете исечете го на лентички и малку пропржете го со малку масло. Оставете го на страна.
Шампињоните исчистени и измиени исечете ги на тенки ливчиња.
Кромидот ситно исечкајте го и пропржете го со малку масло. Додајте ги печурките, зачинете ги по вкус и оставете ги да се динстаат додека течноста што ја пуштаат целосно испари. Додајте го и’ магдоносот, измешајте ги и оставете ги да подоладат.
Кашкавалот ситно изрендајте го.
Тавчето за печење намачкајте го со путер и посипете го со лебни трошки.
Рерната вклучете ја да се загрее на 200 степени.
Јајцата изматете ги со вилушка па додајте ја киселата павлака и повторно изматете ги заедно да се изедначат.
Во погодна тава измешајте ги тестенините, печурките, печеницата кашкавалот.
Ставете ги во тавата за печење и израмнете ги. Одозгора со лажица рамномерно распоредете го преливот. На неколку места ставете ги шери доматите исечени на кругчиња.
Ставете ги да се запечат околу 20-25 минути.
Послужете ги топли.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …